62 Палестинци загинаа во протестите на границата на Газа

Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата на Газа за да протестираат поради израелската окупација и преместувањето на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим

62 Палестинци загинаа во  протестите на границата на Газа

Бројот на усмртените Палестинци за време на протестите на границата на Газа е зголемен на 62, вклучувајќи осум малолетни деца“, се потврдува од Министерството за здравство на Палестина.

Од палестинското Министерство истакнаа дека меѓу усмртените лица се наоѓаат осум малолетници.

Во истото соопштение се додава дека за време на протестите од вчера се ранети вкупно 3.188 лица, меѓу кои се наоѓаат и жени и деца.

Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата на Газа за да протестираат поради израелската окупација и преместувањето на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим .

Израелските безбедносни сили со употреба на сила и огнено оружје се обидоа да ги спречат протестите кои продолжија и вчера.

Во осудувањата што пристигаат од светот меѓу останатото е наведено дека прекумерната сила е недопустлива во случај на мирни протести какви што Палестинците организираа на 70-годишнината од Накба односно масовниот прогон на овој народ.



Слични вести