Велика Британија не го прифаќа пренесувањето на Амбасадата на САД во Ерусалим

САД веќе не ќе може да биде посредник во преговорите меѓу Израел и Палестина

Велика Британија не го прифаќа пренесувањето на Амбасадата на САД во Ерусалим

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон рече дека не го прифаќа пренесувањето на амбасадата на САД во Ерусалим.

Борис Џонсон оствари телефонски разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА, Џонсон на разговорот истакна дека Велика Британија не го прифаќа пренесувањето на амбасадата на САД во Ерусалим и дека на блиските на загинатите им изразува сочувство, а исто така и спремноста за постигнување мир.

Палестинскиот претседател Абас изрази задоволство од ставот на Велика Британија, потенцирајќи дека Палестина е на страната на постигнување мир кој ќе се заснова на меѓународен легитимитет.

САД по кревањето на досиејата во врска со Ерусалим и бегалците од преговарачката маса, веќе не ќе може да биде посредник во преговорите меѓу Израел и Палестина, рече Абас изнесувајќи го барањето за формирање меѓународен механизам за постигнување мир.

Во огнот што го отворија израелските војници врз демонстрантите кои што сакаа да одржат протести против пренесувањето на амбасадата на САД во Ерусалим како и одбележувањето на 70-та годишнина од Накба (Големата катастрофа) загинаа 63 Палестинци, додека над три илјади демонстранти беа повредени.



Слични вести