Во Африн откриен камп на терористите на површина од 700 квадратни метри

Кампот бил откриен во рамките на пребарување на околината на Африн по реализирането на воента операција Маслиново гранче.

Во Африн откриен камп на терористите на површина од 700 квадратни метри

Во месноста Хаџихасанли кај Африн, Сирија откриен камп на терористи на ПКК/ПЈД-ЈПГ заштитен од воздушни напади, со 7 простории во 700 квадратни метри затворен простор меѓусебно поврзан со тунели, во сеуште недовршена состојба.

Веста ја соопшти Генералштабот на Турција кој што извести дека кампот бил откриен во рамките на пребарување на околината на Африн по реализирането на воента операција Маслиново гранче.

Терористите го напуштиле кампот веднаш по започнувањето на воената операција Маслиново гранче.

Бетонските ѕидови на кампот на места во должина и до илјада метри биле изградени да бидат отпорни на воздушни напади.

 



Слични вести