Трамп: САД се спремни за нова историја и нова страница со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека САД се спремни за нова историја и нова страница со Северна Кореја и рече: „Минатото не мора да ја обликува иднината.“

Трамп: САД се спремни за нова историја и нова страница со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп по одржаниот историски самит со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во Сингапур одржа конференција за претставниците на печатот на која истакна дека ќе ги сопрат воените маневри со Јужна Кореја и дека воедно во иднина се надева оти ќе бидат повлечени американските војници кои се наоѓаат во оваа земја.

Трамп му се заблагодари на Ким поради како што рече „Тоа што го фрли првиот храбар чекор за својот народ кон светла иднина.“

Велејќи дека САД се спремни за нова историја и нова страница со Северна Кореја, Трамп рече: „Минатото не мора да ја обликува иднината.“

Доналд Трамп напомена дека го поканил севернокорејскиот лидер Ким, за кого повторил дека е многу талентиран, да ја посети Белата куќа кој пак ја прифатил оваа негова покана, а воедно додаде дека севернокорејскиот лидер ќе го угости во вистинско време и дека и самиот е подготвен еден ден да го посети Пјонгјанг.

Трамп информира дека ќе стави крај на заедничките воени маневри помеѓу САД и Јужна Кореја и дека со стопирање на овие непотребни воени маневри ќе се заштеди многу.

Трамп воедно рече дека Ким Јонг-ун прифатил да го уништи полигонот за тестирање на ракетни мотори.

Американскиот претседател Доналд Трамп не информираше за тоа каде се наоѓа полигонот и додаде дека по остварената средба со Ким лице в лице сфатил дека всушност вистинската промена е можна. 
 



Слични вести