Во судирите во Јемен загинаа 50 припадници на Хусите

Јеменската армија по последните судири ја зазеде и областа Ел-Џах во подрачјето на градот Худејде во западниот дел на земјата

Во судирите во Јемен загинаа 50 припадници на Хусите

Во судирите помеѓу армиските единици и Хусите во Јемен загинаа 50 припадниците на Хусите.

Јеменската армија ја зазеде и областа Ел-Џах во подрачјето на градот Худејде во западниот дел на земјата.

Во објавеното писмено соопштение од Информативниот центар на бригадите Ел-Умалика лојални на јеменската влада се истакнува дека од вчера продолжуваат судирите помеѓу армиските единици и Хусите во областа Ел-Џах во населеното место Бејт ел-Факкије на југот на градот Худејде. 

Во активностите за пребарување пак во истата област е запленета голема количина муниција во сопственост на Хусите.

Од друга страна во заседа чија цел беше воено возило во градот Шебве во југоисточниот дел на Јемен животот го загубија двајца војници, а пет мина војници се ранети.

 



Слични вести