Средба на шефовите на дипломатиите на Азербејџан и Ерменија во Брисел

Прва средба помеѓу шефовите на дипломатиите на Азербејџан и Ерменија, Елмар Мемедјаров и Зораб Мнатсаканјан, по промената на власта во Ерменија и составувањето на нова влада во оваа земја

Средба на шефовите на дипломатиите на Азербејџан и Ерменија во Брисел

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Елмар Мемедјаров и ерменскиот министер за надворешни работи Зораб Мнатсаканјан се состанаа во белгискиот главен град Брисел каде што престојуваат по повод Самитот на НАТО.

На оваа прва средба која што е одржана по промената на власта во Ерменија со народното движење и формирањето на нова влада во оваа земја, присуствуваа и копретседателите на Групата Минск на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) Игор Попов, Стефан Висконти, Ендрју Шофер и специјалниот претставник на привремениот претседавач со ОБСЕ Андржеј Каспжик.

Ерменскиот министер за надворешни работи Мнатсаканјан им се заблагодари на копретседателите на Групата Минск на ОБСЕ и ја потцрта неоходноста од продолжување на преговарачките динамики под нивно покровителство.

Средбата беше остварена на основа на запознавање и размена на мислења.

Страните истакнаа дека не постои друга алтернатива од преговарачкиот процес и се осврнаа на прашањата да се фрлат чекори во правец оформување на атмосфера со која во тој контекст ќе се поттикнува мирот, зајакнување на обостраната доверба, намалување на тензиите, стабилноста на прекинот на огнот и откажувањето од изнесување на агресивни изговори. 

Страните воедно разменија мислења и по прашањето на решавањето на проблемот Нагорно Карабах.

Копретседателите пак ги доставија до шефовите на дипломатиите на Ерменија и Азербејџан своите планови за во иднина.



Слични вести