Амбасадорот на Грција во Москва повикан на разговор во руското МНР

Грција минатата недела донесе одлука за депортирање на двајца руски дипломати, а додека за двајца дипломати донесе забрана за нивниот влез во земјата

Амбасадорот на Грција во Москва повикан на разговор во руското МНР

Амбасадорот на Грција во Москва Андреас Фриганас повикан на разговор во руското МНР поради депортирањето на двајцата руски дипломати и изјавите на грчките власти насочени против Русија.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на Руското министерството за надворешни работи, на грчкиот амбасадор Фриганас му беше врачена усмена и писмена нота поради депортирањето на двајцата руски дипломати и изјавите на грчките власти насочени против Русија.

Грција минатата недела под изговор дека извршиле заканувачки активности против националната безбедност на земјата, донесе одлука за депортирање на двајца руски дипломати, а додека за двајца дипломати донесе забрана за нивниот влез во земјата.

Според информациите кои беа објавени во грчките медиуми, руските дипломати биле обвинети за поттикнување на протестите и зголемување на реакциите во врска со спорот со името со Македонија.



Слични вести