Израелскиот министер за одбрана Либерман се закани со соборување на власта на Хамас

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман истакна дека постојат две алтернативи за соборување на власта на Хамас: Или да се окупира Газа, или да се овозможи таму да се создаде атмосфера на „Арапска пролет“

Израелскиот министер за одбрана Либерман се закани со соборување на власта на Хамас

Израел освен тоа што измасакрира десетици цивили на окупираните територии на Палестина овојпат се закани и со окупација на Газа и соборување на власта на Хамас.

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман истакна дека постојат две алтернативи за соборување на власта на Хамас.

Либерман оваа своја скандалозна закана ја изнесе со следните зборови: „Или да се окупира Газа со тоа што ќе бидат жртвувани голем број војници или да се овозможи таму да се создаде атмосфера на ’Арапска пролет’.“

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман во интервју за израелскиот весник „Маарив“ застана во одбрана на тоа дека авторитетот на Хамас може да се скрши со активирање на народот, односно поттикнување на народот на бунт во Газа.

Либерман во овие свои скандалозни изјави употреби и изрази во својство на исповед. 

Велејќи „Отвориме велиме дека доколку се постигне мир и спокојство страната која што прва ќе го исползи тоа ќе биде народот во Газа“, Либерман ја објасни и целта на блокадата на Газа.

 



Слични вести