Американска компанија која делува на пазарот на меѓународни воени услуги склучила договор со ЈПГ

Во текстот на договорот се истакнува дека „за договор што ќе се потпира на спогодба за долг временски период ЈПГ  посакува да воспостави блиска врска со Castle International во сферата на специјализација во воената медицинска помош и логистиката“

Американска компанија која делува на пазарот на меѓународни воени услуги склучила договор со ЈПГ

Американската компанија Castle International која делува на пазарот на меѓународни воени услуги склучила договор со ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во текстот на договорот се истакнува дека „за договор што ќе се потпира на спогодба за долг временски период ЈПГ  посакува да воспостави блиска врска со Castle International во сферата на специјализација во воената медицинска помош и логистиката“.

Познато е дека компанијата која САД  ја користат под изговор за водење борба против терористичката организација ДЕАШ во Сирија даваат обуки за болничка услуга, воена медицина и борбена обука.

Голем број документи и фотографии за поддршката што американската компанија Castle International ја дава на ЈПГ/ПКК во Сирија отворено се гледаат и на интернет страницата и на сметките на социјалните медиуми на оваа компанија.

Исто така и голем број фотографии со лица кои носат амблеми и ознаки на терористичката организација заземаат место на сметките на социјалните медиуми на лица за кои се гледа да се вработени на компанијата.  

На една фотографија споделена со објаснувањето „Утринска лекција“ се гледа како во една соба им се дава обука на членовите на организацијата кои ги оставиле своите оружја на земјата.

На една друга фотографија позираат вооружени жени облечени во носии со симболи и ознаки на терористичката организација со лица за кои се мисли дека се вработени (персонал) на американската компанија Castle International.



Слични вести