Во вооружен терористички напад за време на воена парада во Иран загинаа најмалку 8 војници

За време на военаа парада во градот Ахваз што се одржуваше по повод Светата недела на одбраната беше извршен вооружен терористички напад во кој според првични претпоставки загинаа најмалку 8 ирански војници, а 20 се ранети

Во вооружен терористички напад за време на воена парада во Иран загинаа најмалку 8 војници

Во терористички напад за време на воена парада во градот Ахваз во југозападниот дел на Иран според првични претпоставки загинаа најмалку 8 ирански војници, а 20 се ранети.

За време на воената парада во градот Ахваз што се одржуваше по повод Светата недела на одбраната беше извршен вооружен терористички напад.

Според вестите објавени во иранските локални медиуми напаачи облечени во воена униформа овориле оган на безбедносните сили кои учествувале на воената парада и притоа во вооружениот напад кој што траел десетина минути биле убиени 8 војници на иранската револуционерна гарда.

Иранската официјална новинска агенција ИРНА пак соопшти дека во вооружениот напад биле ранети 20 лица и биле убиени четворица од напаѓачите.

Засега нема официјално соопштение во врска со нападот.



Слични вести