Дипломатски извори: САД не назначија истражител во случајот со саудискиот новинар Џемал Кашикчи

Спротивно на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дипломатски извори соопштија дека не е точна информацијата дека САД назначиле истражител во случајот со изчезнувањето на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги

Дипломатски извори: САД не назначија истражител во случајот со саудискиот новинар Џемал Кашикчи

Дипломатски извори соопштија дека не е точна информацијата дека САД назначиле истражител во случајот со изчезнувањето на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Исти извори велат: „Не е точна информацијата дека американската страна назначила истражител во врска со случајот со Кашикчи (Кашоги).“

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп во една негова изјава во врска со саудискиот новинар-опонент Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кој на 2 октомври влезе во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул и потоа наеднаш исчезна, рече: „Таму имаме наши истражители. Работиме заедно со Турција и со Саудиска Арабија. Мораме да откриеме што се случило.“

Трамп изјави за американскиот тв канал „Фокс“ (Fox) дека одблизу го следат случајот во врска со исчезнувањето на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) и дека работат одблизу со Турција и Саудиска Арабија во ова прашање.

Саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кој има дадено големи придонеси за весникот "Ал Ватан" како значајна платформа за саудиските реформисти, беше колумнист на американскиот весник "Вашингтон пост" и воедно беше едниот од најефикасните новинари на Блискиот исток.

Тој на 2 октомври влезе во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул и потоа наеднаш исчезна, не можеа да се добијат никакви информации и беше изгубена секаква трага од него.

 



Слични вести