САД и меѓународните партнери ги одложија летовите на авионите Ф-35

Тоа е првата несреќа на авионите од типот Ф-35

САД и меѓународните партнери ги одложија летовите на авионите Ф-35

По минатонеделното уривање на борбениот авион Ф-35Б во американската сојузна држава Јужна Каролина, САД и меѓународните партнери ги одложија летовите на сите авиони од типот Ф-35.

Портпаролот на програмата за заеднички офанзиви Џое Делаведова рече дека продолжува испитувањето на цевките за гориво кај сите авиони Ф-35, потенцирајќи дека САД и меѓународните партнери привремено ги одложија летовите на авионите Ф-35.

Делаведова рече дека одлуката беше донесена врз основа на првите наоди што беа утврдени кај авионот од типот Ф-35Б којшто на 28 септември се урна во близината на Јужна Каролина.

Кај сите авиони ќе се промени проблематичната цевка за гориво. По промената на овој дел, повторно ќе започнат летовите на наведените авиони. Конечното испитување се очекува да заврши најдоцна во рок од 48 часа.

Борбениот авион од типот Ф-35Б кој што на 28 септември полета од воздушната база Бјуфорт на маринците во сојузната држава Јужна Каролина, на 8 км од базата се урна.

Тоа беше првата несреќа на авионите од типот Ф-35, додека кај авионите од типот Ф-35Б кои можат да полетуваат и слетуваат вертикално, има голем број технички грешки.



Слични вести