Во несреќа во рудник за злато во Демократска Република Конго загинаа 34 рудари

По обилните врнежи од дожд во еден рудник за злато од мал обем во градот Мисиси во провинцијата Јужен Киву во Демократска Република Конго дошло до делумно рушење во рударската јама и притоа животот го загубиле 34-јца рудари

Во несреќа во рудник за злато во Демократска Република Конго загинаа 34 рудари

При лизгање на земјиштето предизвикано од оболните врнежи од дожд во еден рудник за злато во Демократска Република Конго животот го загубија 34-јца рудари.

Според вестите објавени во локалниот печат, по силните врнежи од дожд во еден рудник за злато од мал обем во градот Мисиси во провинцијата Јужен Киву, дошло до делумно рушење во рударската јама.

Надлежни истакнуваат дека притоа во инцидентот животот го загубија 34-јца рудари кои за време на случајот се наоѓале во рударската јама и дека во рударската јама на длабочина од 70 до 80 метри под земјата се уште се наоѓаат затрупани голем број рудари.

Инаку, во источниот дел на Демократска Република Конго се наоѓаат голем број рудници за злато од мал обем.

Во овие рудници во кои што работи особено сиромашнен народ често доаѓа и до несреќи во кои животот го губат голем број лица.

 



Слични вести