Силите на Асад ги напаѓаат цивилните населени места на југот на Идлиб

Режимот и странските терористички групи поддржани од Иран извршуваат напади со тешко оружје врз цивилните населени места во областа која согласно постигнатиот компромис од Сочи е исчистена  од тешкото оружје

Силите на Асад ги напаѓаат цивилните населени места на југот на Идлиб

Режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи странските терористички групи и покрај постигнатиот компромис од Сочи продолжуваат да реализираат напади врз населените места на југот на градот Идлиб.

Режимот и странските терористички групи поддржани од Иран извршуваат напади со тешко оружје врз цивилните населени места во областа која согласно постигнатиот компромис од Сочи е исчистена  од тешкото оружје и која се наоѓа во границите на областа за намалување на затегнатоста во Идлиб.

Врз населеното место Мааретинуман, месноста Џерџенез и селата Тух и Гадфе на југот на градот Идлиб се реализираат топовски напади.

Поради нападите е откажана и петочната молитва т.ј. џума намаз во месноста Џерџенез.

Од 17 септември кога помеѓу Турција и Русија беше постигнат компромисот од Сочи досега во нападите на режимот животот го загубија вкупно 25 цивили, а дестетици цивили беа ранети.

Режќимските сили повремено продолжуваат да реализираат топовски напади на руралните подрачја на градот Латакија, југот на градот Идлиб, западниот дел на градот Алепо и на селата северно и западно од градот Хама.  

Опозиционерите пак, согласно постигнатиот компромис од Сочи на 10 октомври го повлекоа тешкото оружје од наведените подрачја. 

 



Слични вести