Стартува националната воена вежба „Анаконда 2018“ во Полска

Во воена вежба учествуваат 5 илјади воена опрема, 45 борбени бродови и 150 воздушни летала

Стартува националната воена вежба „Анаконда 2018“ во Полска

Стартува националната воена вежба „Анаконда 2018“ во Полска во која учествуваат 10 земји членки на НАТО и околу 17 500 војници.

На воената вежба што се одржува во Балтичкото море со учество на Естонија, Летонија, Литванија, учествуваат 12 500 војници од армијата на Полска и околу 5 илјади војници од земјите членки на НАТО.

Во воена вежба учествуваат 5 илјади воена опрема, 45 борбени бродови и 150 воздушни летала.

Основната цел на воената вежба која е фокусирана кон преземање воздушни дејствија и акции е да се обезбеди обука на полските вооружени сили како и зајакнување на интеграцијата меѓу националните воени сили и сојузничките сили во борбата против современите закани.

Вежбата нема за цел ниту една земја и целосно е насочена кон зајакнување на одбранбената способност на земјата. Големо внимание привлекува фактот дека вежбата се одржува во земјите на источното крило на НАТО кои граничат со Русија.

Националната воена вежба на Полска која ја реализира заедно со сојузниците ќе трае до 17 ноември.

Вооружените сили на Полска од 2006 година наваму, еднаш на две години ја остваруваат националната воена вежба Анаконда.



Слични вести