Во напад со возило-бомба во Мосул загинаа 3 лица, а 6 лица се ранети

Абдулкадир ел-Џубури, на задача во полициската управа во Мосул, истакна дека во близина на еден ресторан во западниот дел на градот било експлодирано возило натоварено со бомби и дека притоа загинале 3 лица, а 6 лица биле ранети

Во напад со возило-бомба во Мосул загинаа 3 лица, а 6 лица се ранети

Во реализиран напад со возило натоварено со бомби во градот Мосул во Ирак загинаа 3 лица, а 6 лица се ранети.

Абдулкадир ел-Џубури, на задача во полициската управа во Мосул, истакна дека во близина на еден ресторан во западниот дел на градот било експлодирано возило натоварено со бомби.

Џубури рече дека според првични претпоставки во нападот загинале 3 лица, а 6 лица биле ранети, а воедно додаде дека по нападот местото на експлозијата било земено под безбедносен обрач.   

Џубури напомена дека засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но рече дека за одговорна се смета терористичката организација ПКК.

Поранешниот ирачки премиер Хајдар ел-Ибади во декември 2017 година соопшти дека после 3 години Мосул е целосно заземен од терористичката организација ДЕАШ и дека е ставено крај на овдешното воено присуство на оваа терористичка организација.

Меѓутоа, терористичката организација ДЕАШ која продолжува да се вгнездува особено во пустинските делови на градот и на покраничниот појас помеѓу Ирак и Сирија повремено продолжува да реализира напади притив безбедносните сили и цивилите.



Слични вести