Зариф: За злосторството против човештвото кое што се врши против Иран и Јемен се одговорни САД

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф реагираше на последните изјави на американскиот државен секретар Мајк Помпео во врска со што рече: „За злосторството против човештвото кое што се врши против Иран и Јемен се одговорни САД“

Зариф: За злосторството против човештвото кое што се врши против Иран и Јемен се одговорни САД

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф реагираше на изјавите на американскиот државен секретар Мајк Помпео во врска со Јемен и Иран и притоа.

Зариф рече: „За злосторството против човештвото кое што се врши против Иран и Јемен се одговорни САД.“

Џевад Зариф во својата изјава што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша дека Помпео одговорноста на незаконските санкциите на САД со кои што се спречува пристапот на Иранците до неопходните финансиски услуги за обезбедување храна и лекови ја префрла врз Иран.

Тој напомена дека и покрај САД ќе му ги достават на иранскиот народ храната, лековите и другите основни потреби за живот. 

Во врска со случувањата во Јемен пак, иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф го напиша следното: „Еве што ќе ти речам министре Помпео. За гладот со кој што се соочуваат се одговорни самите Јеменци. Бидејќи Јеменците требаше самите да дозволат да бидат уништени без да покажат отпор против касапинот (Саудиска Арабија) чиј сте протектор, а кои трошат милијарди долари за да ги бомбардираат школските сервиси, како и 'милиони долари за да го олеснат тој ризик'. Зарем не ви е срам?“

Инаку, американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно изјави дека Саудиска Арабија доставува хуманитарна помош од милиони долари во Јемен.

Специјалниот претставник на САД за Иран Брајан Хук пак, исто така претходно истакна дека цел на санкциите не е иранскиот народ туку режимот и дека затоа не спроведуваат санкции кон сектори во оваа земја како што се лековите, здравството и храната.

 



Слични вести