Во бомбашки напади во Сомалија загинаа 23 лица, а десетици беа ранети

Во реализирани бомбашки напади со две возила-бомби во сомалискиот главен град Могадишу животот го загубија 23 лица, а 40 лица се ранети

Во бомбашки напади во Сомалија загинаа 23 лица, а десетици беа ранети

Во реализирани бомбашки напади во главниот град на Сомалија Могадишу животот го загубија 23 лица, а 40 лица се ранети.

Според добиени информации од безбедносни извори, хотелот во Могадишу во кој често оделе владини функционери бил цел на напади со две возила-бомби.

До една друга експлозија дојде и во еден паркинг на еден хотел во близина на полициската станица во Могадишу.

Ахмед Зекерија од екипата за прва помош истакна дека во нападите загинале 23 лица од кои 9 биле милитанти на терористичката организација Еш-Шебаб, а 40 лица биле ранети.

Во веста објавена од страна на официјалната новинска агенција на Сомалија се истакнува дека безбедносните сили интервенирале на нападот чија цел бил хотелот и дека притоа биле неутрализирани 6  мина од напаѓачите.

Во врста се вели дека тројца од напаѓачите загинале за време на самоубиствените напади, додека меѓу ранетите се наоѓал и Абдурезак Али Јусуф, поранешен висок функционер на министерството за информации.

Очевидци истакнаа дека по наведените експлозии вооружените напаѓачи извршиле упад во хотелот и влегле во вооружена престрелка со безбедносните сили.

Од друга страна, терористичката организација Еш-Шебаб преку својата интернет страница соопшти дека ја презела одговорноста за нападите.

 



Слични вести