Поскапувањето на цената на горивото во Франција одложено за 2019

Неприфатливи се насилствата на демонстрациите и дека одговорните ќе бидат казнети рече претседателот Макрон

Поскапувањето на цената на горивото во Франција одложено за 2019

Зголемување на цените на горивото во Франција, кој настан беше причина за масовни протести на „жолтите елеци“ одложено за 2019 година.

Според француските медиуми кои се повикуваат на извори од Елисејската палата, зголемувањето на цената на горивото што претходно беше суспендирано за 6 месеци, беше одложено за следната година.

Премиерот Едуард Филип во говорот на седницата на Парламентот рече дека во случај не се изнајде решение во врска со куповната моќ на поскапеното гориво, тогаш постои веројантост да го одложат  поскапувањето на цените на горивото.

Премиерот Филип претходно имаше најавено дека беше одложено и поскапувањето на цените на електричната струја и природниот гас на период од 6 месеци.

Минатогодишните финансиски и политички политики се добри, рече Филип потенцирајќи дека секоја одлука што ја усвоија беше насочена кон подобрување на платите.

Во врска со протестите на „жолтите елеци“ Филип рече дека неприфатливи се насилствата на демонстрациите и дека одговорните ќе бидат казнети.

Протестите на „жолтите елеци“ кои започнаа на 17 ноември во знак на протест на поскапувањето на цената на горивото и влошувањето на економските услови, прераснаа во најжестоки протести во последните неколку години.

Демонстрантите кои претежно се состојат од граѓани кои живеат од во руралните подражја на градовите поради високите кирии, од претседателот Макрон бараат да ги намали даночните стапки на горивото и да ги подобри економските услови.



Слични вести