Преговорите со земјите членки на ОПЕК и некои други земји се вршат согласно условите на пазарот

Преговорите не можат да се насочуваат со политички пораки и изјави преку твитер

Преговорите со земјите членки на ОПЕК и некои други земји се вршат согласно условите на пазарот

Рускиот министер за енергетика Александар Новак рече дека преговорите со земјите членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и некои други земји се водат согласно условите на пазарот потенцирајќи дека „преговорите не можат да се раководат со политички изјави кои што се објавуваат преку профилите на твитер“.

Новак во Санкт Петерсбург направи осврт на преговорите што се во врска со земјите членки на ОПЕК и некои други земји кои што се водат во Виена.

Во коментарот во врска со повикот на американскиот претседател Доналд Трамп преку профилот на твитер за намалување на производството на нафта во текот на идната година пред состанокот во Виена, Новак рече:

„ Преговорите со земјите членки на ОПЕК и некои други земји се вршат согласно условите на пазарот. Преговорите не можат да се насочуваат со политички пораки и изјави преку твитер“.

На денешниот состанок на ОПЕК во Виена на маса ќе биде поставен и ќе се разгледа договорот за намалување на производство на нафта. На состанокот се очекува да се усвои одлука за дневно намалување на производството на нафта за околу 1 до 1,5 милион барели нафта.

Во некои информации што беа објавени пред состанокот беше изнесено тврдењето дека Русија наводно од ОПЕК барала да се намали производство на нафта.



Слични вести