Гутереш задоволен од мировните преговори за Јемен

Политичкото решение кое ќе се постигне преку дијалог е единствениот начин да се суспендираат вооружените судири во Јемен и да се стави крај на хуманитарната криза

Гутереш задоволен од мировните преговори за Јемен

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека е задоволен од консултативните мировни преговори за Јемен кои започнаа во Шведска.

Во соопштението кое беше објавено од страна на портпаролството на Генералниот секретаријат на ОН беше истакнато дека генералниот секретар е задоволен од консултативните мировни преговори за Јемен кои започнаа во Шведска.

Во соопштението беше упатен повик до страните да бидат флексибилни и добронамерни и да се постигне напредок согласно агендата на специјалниот претставник на ОН за Јемен Мартин Грифит.

"Генералниот секретар, завојуваните страни во Јемен ги повика да преземат мерки за намалување на тензиите во Хубејде и решавање на економската и хуманитарна криза која се заканува на животите на луѓето", беше истакнато во соопштението.

Политичкото решение кое ќе се постигне преку дијалог е единствениот начин да се суспендираат вооружените судири во Јемен и да се стави крај на хуманитарната криза.

Преговорите за дијалог меѓу завојуваните страни во Јемен беа прекинати пред две години, по преговорите во 2015 во швајцарските градови Биел и Женева и 3--от круг на преговорите во Кувајт.

По период од две години, на 6 септември консултативните преговори за Јемен кои се планираа да се одржат во Женева беа прекинати поради  неучеството на Хутите.

Консултативните преговори за окончување на граѓанската војна Јемен кои се одржуваат под покровителство на ОН, денес започнаа во дворецот Јоханесбург во местото Римбо на 77 км од Стокхолм.

Во Јемен каде што подолг период владее политичка нестабилност, се доживуваат судири меѓу Хутитите и силите на легитимната власт. Хутите од септември 2014 година наваму ја држат контролата над главниот град Сана и некои околни подрачја, додека коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија од март 2015 година ги поддржуваат силите на владата на Јемен против Хутите.



Слични вести