Намалена поддршката на Французите на Макрон

Освен Макрон, загуба од аспект на народната поддршка доживеа и премиерот Едуард Филип

Намалена поддршката на Французите на Макрон

Поддршката на францускиот народ на претседателот Емануел Макрон во последните месец дена се намали за 3 насто и изнесува 18  насто.

Според анкетата на анкетната компанија Јоугов што ја изврши за „CNews“ и „The Huffpost“, демонстрациите на „жолтите елеци“ кои започнаа во знак на протест на поскапувањето на цената на горивото и прераснаа во револт, предизвикаа сериозно опаѓање на имиџот на претседателот.

Податоците од анкетата која беше извршена на 28 и 29 ноември со 1006 лица, покажуваат дека народната поддршка на Макрон која изминатиот месец се движеше околу 21 насто, овој месец опадна за 3 насто и изнесува 18 насто која бројка претставува најниско ниво на народната поддршка.

Макрон на то поле само во последните два месеци изгуби 7 поени.

Освен Макрон, загуба од аспект на народната поддршка доживеа и премиерот Едуард Филип.

Поддршката на францускиот народ на премиерот Филип во последните месец опадна за 6 насто и изнесува 21 насто.



Слични вести