На денешните протести во Париз се притворени 575 лица, а во цела Франција 700 лица

Францускиот министер без ресор задолжен за внатрешни работи Лорен Лунез соопшти дека бројот на притворените "Жолти елеци" за време на денешните протести ширум Франција се зголеми на 700 лица, а само во главниот град Париз се притворени 575 лица

На денешните протести во Париз се притворени 575 лица, а во цела Франција 700 лица

На протестите на "Жолтите елеци" во главниот град на Франција, Париз, се притворени 575 лица, а бројот на притворените на протестите ширум земјата изнесува 700.

Францускиот министер без ресор одговорен за внатрешни работи Лорен Лунез соопшти дека бројот на притворените "Жолти елеци" за време на денешните протести ширум Франција се зголеми на 700 лица.

Министерот Лунез изјави за телевизискиот канал "Франс 2" дека  не денешните одржани протести низ целата земја учествуваа 31 илјада лица.

"Жолтите елеци" денеска продолжија да протестираат против поскапувањето на горивото и влошувањето на економските услови во цела Франција на чело со главниот град Париз.

На "Жолтите елеци" на Авенијата Шанз-Елизе во Париз полицијата интервенираше со солзавец.

За да не дојде до повторување на минатонеделните насилства се преземени строги безбедносни мерки и за воспоставување на безбедноста и јавниот ред во земјата се ангажирани 89 илјади полицајци.

Главниот град Париз е чуван од страна на 8 илјади полицајци и 12 оклопни возила.

 



Слични вести