Пред денешните протести на "Жолтите елеци" во Париз се притворени 317 лица

За време на денешните протести на "Жолтите елеци" за безбедноста и јавниот ред низ цела Франција беа ангажирани 89 илјади полицајци, а во главниот град Париз 8 илјади полицајци

Пред денешните протести на "Жолтите елеци" во Париз се притворени 317 лица

Пред протестите на "Жолтите елеци" во францускиот главен град Париз беа притворени 317 лица.

Според вестите објавени во францускиот печат, "Жолтите елеци" денеска во целата земја на чело со главниот град Париз продолжија со протестите против  поскапувањето на горивото и влошените економски услови во земјата.

За да не дојде до повторување на минатонеделните насилства се преземени строги безбедносни мерки и за воспоставување на безбедноста и јавниот ред во земјата се ангажирани 89 илјади полицајци.

Главниот град Париз е чуван од страна на 8 илјади полицајци и 12 оклопни возила.

Во меѓувреме, демонстрантите од раните утрински часови почнаа да доаѓаат на познатата Авенија Шанз-Елизе, едниот од симболите на Париз.

Полицијата интервенираше врз насобраните "Жолти елеци" на Авенијата Шанз-Елизе со солзавец.

Полицијата ги претресуваше демонстрантите на кои им беше дозволено дури потоа да влезат во Авенијата и притоа повремено дојде и до тензии помеѓу полицијата и демонстрантите.

Како што се вели за време на претресите кај 317-те е притворени лица пред протестите биле пронајдени чекани и камења.

Демонстрантите на Авенијата Шанз-Елизе во францускиот главен град Париз извикуваа слогани "Макрон оставка".

 



Слични вести