Европратениците упатија повик до британскиот народ да се откаже од Брегзит

Еден ден пред гласањето во британскиот Парламент за Договорот за Брегзит, 129 пратеници во Европскиот парламент (ЕП) објавија отворено писмо до британскиот народ во кое побараа да се откаже од Брегзит (излегување на Велика Британија од Европската унија)

Европратениците упатија повик до британскиот народ да се откаже од Брегзит

Пратениците во Европскиот парламент (ЕП) упатија повик до британскиот народ да се откажат од Брегзит (излегување на Велика Британија од Европската унија). 

Еден ден пред гласањето во британскиот Парламент за Договорот за Брегзит, 129 пратеници во Европскиот парламент (ЕП) објавија отворено писмо до британскиот народ.

Во писмото се одделува место на изјавите „Ние како пријатели на вашата земја со загриженост ги следиме случувањата во врска со катастрофата Брегзит која што ќе и наштети и на Велика Британија и на Европа,“ а воедно се привлекува внимание дека британскиот електорат почна да ја преиспитува одлуката за Брегзит и ја зголемува својата поддршка за да се оди повторно на референдум.

Во писмото се истакнува дека се чувствува жалење поради одлуката на британскиот народ за напуштање на Европската унија (ЕУ), но дека треба да се покажува почит кон оваа одлука, и се предупредува дека разделбата без постигнување на соодветен договор ќе доведе до голема катастрофа за сите страни.  

Освен тоа во писмото на Европратениците се изнесува и следната констатација: „Брегзит ќе не ослабе сите. Ние сакаме да останете во ЕУ. Заедно сме посилни и би можеле да изградиме посилна Европа.“

Британскиот Парламент утре ќе гласа за постигнатиот Договор за Брегзит на владата на Тереза Меј со Европската унија (ЕУ).

 



Слични вести