Русија и Јапонија не можат да се спогодат околу Курилските острови

Се додека Јапонија не го признае исходот на Втората светска војна и сувереноста на Русија над островите, многу тешко ќе се постигне напредок на мировните преговори

Русија и Јапонија не можат да се спогодат околу Курилските острови

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека продолжува спорот со Јапонија во врска со Курилските острови поради што по Втората светска војна не можеше да се потпише договор за мир.

По средбата со јапонскиот колега Таро Коно во Моксва, министерот Лавров одржа прес конференција.

Се додека Јапонија не го признае исходот на Втората светска војна и сувереноста на Русија над островите, многу тешко ќе се постигне напредок на мировните преговори.

„Не можам да кријам дека сеуште продолжуваат значајни недоразбирања“ рече Лавров.

Надоврзувајќи се на силната политичка волја на рускиот претседател Владимир Путин и јапонскиот премиер Шинзо Абе за нормализирање на односите, Лавров подвлече на спремноста на Русија за постигнување напредок на патот за решавање на спорот.

На едно прашање со кое се алудираше на вклучувањето и на САД во билатералните преговори меѓу двете земји, Лавров овие изјави ги оцени како „грди зборови“.



Слични вести