Во Иран се урна карго авион: Животот го загубија најмалку 16 лица

Карго авионот од типот Боинг 707 кој што полетал од киргискиот град Бишкек и патувал за аеродромот Пејам во градот Кереџ во Иран, во моментот кога се обидел принудно да слета на аеродромот Фетих во истиот град се срушил врз населено место

ucak.jpg
iran uçak kazası.png
iran uçak düştü
uçak.jpg
iran ucak kazasi.jpg

При уривање на авион во моментот на слетување на аеродромот во градот Кереџ во северозападниот дел на главниот град на Иран, техеран, според првични добиени информации животот го загубија 16 лица.

Како што се истакнува во срушениот авион во сопственост на иранската армија се наоѓале 16 лица.

Според веста на иранската државна телевизија, карго авионот од типот Боинг 707 кој што полетал од киргискиот град Бишкек и патувал за аеродромот Пејам во градот Кереџ во Иран, во моментот кога се обидел принудно да слета на аеродромот Фетих во истиот град се срушил врз населено место.

На местото на уривањето на авионот се испратени голем број полициски сили и екипи за прва помош.

Во реализираните активности за пребарување и спасување по несреќата беше соопштено дека биле пронајдени мртвите тела на 16 лица.

Како што се наведува поради несреќата дошло до пожар во куќите каде што паднал авионот.



Слични вести