Турски печат 14.11.2017

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 14.11.2017

Весникот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Компромис за политичко решение“ истакнува дека главна тема на разговорите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган со рускиот колега Владимир Путин во Сочи беше Сирија. Двајцата лидери упатија пораки за изнаоѓање решение на прашањето.  Претседателот Ердоган по средбата истакна дека имале можност да разменат мислења за конфликтот во Сирија. Согласни сме дека е формирана поволна основа за фокусирање за изнаоѓање политичко решение, рече Ердоган. Рускиот претседател Путин пак исто така рече дека сме согласни со претседателот Ердоган за зголемување на поддршката за изнаоѓање политичко решение во Сирија.

Весникот „“Стар во веста под наслов „Премиерот Јилдирим одржа телефонски разговор со првиот помошник претседател на Иран Џихангири“ истакнува дека премиерот Бинали Јилдирим на телефонскиот разговор со првиот потпретседател на Иран Исак Џихангири му изрази сочувство за загинатите граѓани на Иран во земјотресот кој што се случи во непосредна близина на ирачко-иранската граница. Според владин извори, премиерот Јилдирим ја изрази турската поддршка на Иран во овие тешки денови и рече дека во случај на потреба, Турција е спремна да помогне во заздравувањето на раните. На тоа првиот помошник претседател на Иран Џихангири му се заблагодари на премиерот Јилдирима и рече дека ќе го извести.

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Определени земјите коишто ќе управуваат со светот! Турција ги помина гигантите“ истакнува дека компанијата PriceWaterhouseCoopers (PWC) која пружа советодавни услуги во сферата на контролата на даноците и сметководството ги објави претпоставките за најсилните економии во 2050 година. Според редоследот кој беше извршен врз основа на паритетот на куповна моќ, Турција во 2050 година ќе настојува да влезе меѓу првите 10 во светот. Турција со перформансот што го покажа во последно време помина голем број европски земји. Намалениот интензитет на економски раст, како и намалената стапка на наталитет покажуваат дека западните земји кои во 2017 година управуваат со светот, во 2050 година релативно ќе опаднат.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Беркли ги зголеми прогнозите за економскиот раст на Турција“ истакнува дека светско познатата и голема финансиска корпорација Беркли од британско потекло кој скоро 300 години во над 60 земји во Европа, Азија, Африка и САД се бави со банкарски и финансиски активности и истовремено е спонзор на британската Премиер лига, прогнозите за економскиот раст на Турција во 2017 и 2018 година ги ревидираше нагоре. Компанијата „Беркли“ во извештајот за прогнозите посочи дека како резултат на владините политики за кредитна поддршка, финансиски стимулации и висок извоз, турската економија постигна силен тренд на раст. Беркли соопшти дека очекувањата за растот на Бруто домашниот производ (БНД) за 2017, од 5,2 ги зголеми на 5,9 насто, додека за 2018 година од 3,8 на 4,1 насто.



Слични вести