Турски печат 17.04.2018

Еве ги позначајните случувања на кои што се осврнуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 17.04.2018

Весникот „Сабах“ во текстот под наслов „На местото на доларот задолжување со злато“ им одделува место на изјавите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) воспоставува авторитет над земјите и рече: „Задолжувањата наместо со долар да се вршат со злато.“ Претседателот Ердоган кој говореше на Конгресот за глобално претприемништво во Истанбул рече: „Државите со  претприемачки дух треба многу добро да ги дизајнираат и институциите кои што ги формираат самите. Кој го основа Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)? Тие држави. На пример на состанокот на Г-20 запрашав зошто овие задолжувања ги правите со злато и предложив да употребиме друга парична единица. Јас велам овие задолжувања да се прават со злато. Со доларот светот е под притисок на курсот. Државите и народите треба да ги спасиме од овој притисок на курсот.“

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Руски пратеник: Треба да го земеме за пример Ердоган“ им одделува место на изјавите на првиот заменик претседател на Комисијата за одбрана на Думата, Долниот дом на рускиот парламент Александр Шерин кој истакна дека за одбрана на националните интереси треба да се земе за пример борбата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. Рускиот пратеник Шерин во програмата на руската телевизија Први Канал во живо рече: „Доколку не се бориме како Ердоган тешко би можеле да се спасиме од влијанието на САД. За да ги одбраниме нашите интереси треба да ја земеме за пример борбата на Ердоган. Доколку и ние го прифатиме ставот на Ердоган Вашингтон ќе се смири.“  

Весникот „Јени Шафак“ ја објавува веста под наслов „Чавушоглу ја откри лагата на францускиот претседател Емануаел Макрон“ каде што се вели дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу покажа остра реакција против изјавата на францускиот претседател Макрон кој рече „Со нападот врз Асадовиот режим ги оддалечивме една од друга Турција и Русија“. Чавушоглу вчера во Анкара одржа прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и во оваа прилика истакна дека францускиот претседател Макрон посакал да учествува на самитот што се одржа меѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот опретседател Хасан Рухани во Анкара, но дека оваа негова желба била одбиена. Чавушоглу напомена дека изјавата на Макрон беше демантирана и од страна на други земји и апелирајќи до Макрон да биде чесен рече: „Очекуваме изјава која што му доликува на еден претседател.“

„Изложен моделот на националниот воен авион TF-X“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“ каде што се вели дека на саемот за одбранбена индустрија во Малезија DS2018 беше изложен моделот на петтата генерација воен авион  TF-X со двоен мотор кој што се развива од страна на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ/ТАИ). Согласно проектот за национален борбен авион започнат со цел обезбедување на потребите на Турските вооружени сили (ТВС) се планира да се произведуваат модерни воени авиони дизајнирани со домашни можности и способности кои ќе можат да го заземат местото на воените авиони F-16 кои пак се наоѓаат во инвентарот на Турските воздушни сили и се предвидува почнувајќи од 2030-тите години постепено да бидат заменети со овој национален борбен авион. Турција после САД, Русија и Кина ќе се најде меѓу земјите кои располагаат со инфраструктура и технологија за производство на петта генерација борбени авиони.

Весникот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Поддршка од Турската авиокомпанија ТХЈ за годината на Троја“ потсетува дека турското министерство за култура и туризам на 20-годишнината од  усвојувањето на Списокот на светското културно наследство на Организацијата на ОН за образование, наука и култура УНЕСКО, 2018 година ја прогласи за „Година на Троја“. Така на еден авион на Туркиш Ерлајнс од типот Airbus 321 беше залепена слика на Тројанскиот коњ. На авионот на Турската авиокомпанија ТХЈ исто така беше залепен и натписот „The Year Of Troy“, односно „Година на Троја“. Овој авион на Туркиш Ерлајнс својот прв лет го оствари вчера од Истанбул за швајцарскиот град Женева. Авионот Троја на Турската авиокомпанија ТХЈ извесно време ќе ги реализира своите летови со сликата на Тројанскиот коњ и ќе ја афирмира Троја.

 



Слични вести