Турски печат 13.06.2018

Еве ги позначајните вести за кои што информираат весниците во своите денешни изданија овде во земјата...

Турски печат 13.06.2018

Весникот„Хурријет“ во веста под наслов „ТАНАП ставен во употреба“ пишува дека вчера свечено беше ставен во употреба Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) чија изградба траеше три години и е реализирана од страна на Турција и Азербејџан и преку кој азербејџанскиот природен гас преку Турција ќе се транспортира во во Европа. На церемонијата на свечено ставање во употреба на ТАНАП учествуваа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, српскиот претседателот Александар Вучиќ и украинскиот претседател Петро Порошенко. Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на отворањето рече: „Денеска фрламе историски чекор за нашиот регион и за нашите земји.“

Весникот „Хабертурк“во текстот под наслов „Јилдирим: Целта на Турција за членство во ЕУ продолжува“ информира дека премиерот Бинали Јилдирим вчера во Измир се состана со бугарскиот премиер Бојко Борисов, по што се одржаа и разговори помеѓу делегациите на двете земји. Премиерот Јилдирим рече: „Целта на Турција за членство во Европската унија (ЕУ) продолжува, меѓутоа ЕУ треба да ја определи својата визија за во иднина и што поскоро треба да го надмине матењето на умовите по ова прашање.“

„Шимшек: Ги повлековме сите од САД“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“ каде што и се одделува место на изјавата на  потпретседателот на владата одговорен за економија Мехмет Шимшек кој истакна дека се повлечени сите резерви на злато на Турција од САД. Шимшек рече: „Ги повлековме сите резерви на злато во Америка. Таму не оставивме ништо.“ 

Весникот „Стар“ во текстот под наслов „Одлука за транспорт од светскиот гигант MSC кон Турција“ истакнува дека претседателот и високиот раководител на светскиот гигант Mediterranean Shipping Company (MSC) Диего Апонте рече: „Нашите бродови за контејнери со џиновски капацитет кои навраќаат во мал број земји во светот веќе ќе организираат транспорт и во Турција.“

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Турските игри го преплавија светот“ пишува дека на турските телевизиски серии кои го преплавија светот почнаа да се додаваат и домашни компјутерски игри. Голем број игри развиени од страна на турски инженери го прочуја своето име во глобалната лига. Една од тие е играта Зула која што почна да се игра во повеќе од 100 земји.

 

 



Слични вести