Турски печат 19.09.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 19.09.2018

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Чавупшоглу разговараше со американскиот државен секретар“ информира дека министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Мајк Помпео. Според добиени информации од дипломатски извори, Чавушоглу и неговиот американски колега Помпео разговараа во врска со постигнатиот компромис за Идлиб.  

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Акар: Ќе се продолжи координирано со Русија“ им одделува место на изјавите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој постигнатиот компромис во Сочи го оцени како значајна придобивка за инволвираните земји и народот во подрачјето и рече: „Нашите активности во врска со нашата воена позиција во Идлиб ќе продолжат координирано со Русија.“  

„Министерството за надворешни работи објави порака со сочувство до американскиот народ“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Стар“ каде што се вели дека во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се изразува жалење по повод големиот број загинати и повредени во ураганот Флоренс кој ги погоди источните брегови на САД и се вели следното: „Го изразуваме нашето сочувство до блиските на жртвите во ураганот и до американскиот народ.“

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Светот му се восхитува на ова место во Турција! Бројките со секоја година растат“ информира дека плажата Клеопатра на островот Седир меѓу сините бои на заливот Ѓокова стана омилена дестинација за домашните и странските туристи. Заменик директорката за култура и туризам на Мугла Филиз Караџаагач истакна дека островот Седир кој се наоѓа во специјалната област под заштита на животната средина освен домашните посетители привлекува голема заинтерсираност и кај странските посетители, а воедно напомена дека оваа година голема заинтересираност кон островот покажуваат и туристите од Русија и Украина.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Турските риби станаа барани во светот“ пишува дека секторот за рибни производи и производи од животинско потекло за 8 месеци во 2018 година оствари извоз во висина од околу 1 милијарда 625 милиони долари. Од овој износ 640 милиони долари се извезени од страна на секторот за рибни производи, истакна заменик претседателот на Унијата на Центарот за производство на рибни производи Ихсан Бозан кој воедно рече: „Рибите костур и крап во нашата земја по долги студии се дојдени до одредена фаза во квалитетот. Со добиените сертификати по прашањето на безбедноста на храната турските риби станаа барани во светот.“



Слични вести