Турски печат 20.09.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 20.09.2018

Весникот „Хуријет“ во веста под наслов „Стратешкото партнерство зајакнува со инвестиции“ истакнува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган во претседателскиот дворец во Бештепе ги прими претставниците на американските компании во Турција. Ердоган на средбата рече дека нема да се направат отстапки од принципите на слободниот пазар, потенцирајќи дека стратешкото партнерство ќе се зајакне инвестиции и трговија. Нашите односи ќе зајакнат со преземање економски чекори и инвестиции. Ердоган меѓудругото рече дека не смета дека е правилна компарацијата на политичките со економските прашања и нагласи дека со храброст и дипломатија ќе ги надминеме прашањата.

Весникот „Ватан“ во веста под наслов „Министерот Акар истакна дека се неутрализирани 366 терористи“ ја објавува изјавата на министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој рече дека можат да се видат конкретните резултати на борбата против тероризмот. Во говорот на свеченоста што беше приредена по повод Денот на хероите и воените ветерани во Културниот и конгресен центар Бештепе Милет на која учествуваше и претседателот Реџеп Тајип Ердоган, министерот Акар рече дека во рамките на операциите и воздушните напади во последните 45 дена како во земјава така и надвор од границите, биле неутрализирани 366 терористи.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Министерот Варанк рече дека продолжуваа преговорите за потпишување Договор за слободна трговија со Јапонија“ ја објавува изјавата на министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк кој во говорот на 24-от партнерски состанок на турско-јапонскиот бизнис совет што се одржа под покровителство на Советот за надворешно економски односи (ДЕИК) рече дека пријателство меѓу Турција и Јапонија се заснова на цврсти и долгогодишни темели. Договорот за поттикнување и заштита на меѓусебните инвестиции со Јапонија беше потпишан во 1993 година. Сега продолжуваат преговорите за постигнување на договорот за слободна трговија кој ќе го замени овој договор и на инвеститорите ќе им обезбеди нови права. Нашето министерство е одговорно за постигнувањето на овој договор. Целта ние е преговорите да ги окончаме најдоцна до првата половина на 2019 година, рече Министерот Варанк.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Националната хибрид локомотива излезе на продажба во Германија“ истакнува дека новата хибридна локомотива која беше произведена од страна на Компанијата за индустриско производство на локомотиви и мотори на Турција (ТУЛОМСАШ), Државните железници на РТ (ТЏДД) и АСЕЛСАН беше изложена на саемот ИноТранс во Берлин. Саемот ИноТран 2018 важи за еден од најголемите саеми на железниците во светот, поради што домашната ллокомотива која беше произведена без ниедна лиценца, има мошне големо значење. Турција со овој проект е 4-та земја во светот која поседува поволна технологија за дизајнирање и производство на хибридни маневарски локомотиви од домашно производство.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Изненадување со домашен борбен авион на саемот ТЕКНОФЕСТ“ истакнува дека Турската компанија за воздухопловство и вселенска индустрија (ТУСАШ) во рамките на фестивалот на воздухопловство, вселенска индустрија и технологијата ТЕКНОФЕСТ во виртуелна средина ќе го отвори својот хангар за посетителите. Саемот ТЕКНОФЕСТ што се одржува под покровителство на Фондацијата Технолошки тим на Турција (Т3) и Градската заедница на Истанбул на новиот аеродром на Истанбул ќе биде домаќин и сцена на низа новини.



Слични вести