Турски печат 11.10.2018

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 11.10.2018

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Значаен повик од Ердоган до Африка“ пишува дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган упати повик до африканските земји за соработка и тргување со национални валути. Претседателот Ердоган кој говореше пред Вториот Турско-африкански економски и бизнис форум во Истанбул рече: „Ние додека го зајакнуваме нашето дипломатско прирсуство на целиот континент, и африканските земји бројот на своите дипломатски претставништва во Турција од 10 го зголемија на 33. Нашите африкански пријатели дадоа силна поддршка на праведната борба на Турција на меѓународните платформи како што се Обединетите нации (ОН) и Организацијата за исламска соработка (ОИС), за воспоставување на глобалниот мир и правдата. На сите мои африкански пријатели, браќа им велам: Дојдете да соработуваме и тргуваме со национални валути.“ 

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Наскоро ќе бидат пуштени во продажба авиобилетите на новиот аеродром на Истанбул“ информира дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) за неколку дена ќе ја започне продажбата на авиобилети на новиот аеродром на Истанбул. Туркиш Ерлајнс оттука ќе реализира некои од своите домашни и меѓународни летови. Меѓу дестинациите за кои што ќе започне продажбата на авиобилети се наоѓаат летовите за Измир, Адана, Анкара, Анталија, Баку и Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) ќе располага со 70 насто од авиопатниците на новиот аеродром на Истанбул. Големите работи за пренесување во новиот аеродром пак, ќе започнат на 30 или 31 декември.  

„Атак се стекнува со нови способности“ гласи насловот на веста на страниците на весникот „Ватан“ каде што се вели дека во период кога со новите испораки се зголемува бројот на хеликоптерите од типот Атак во енвентарот на турските безбедносни сили, истовремено продолжуваат и работите во врска со новите хеликоптери од овој тип чии способности ќе бидат уште повеќе усовршени и развиени. Продолжува да се работи на прототипите и за новите хеликоптери Атак од пакетот Фаз-2 чии способности за комуникација и електронско војување ќе бидат уште повеќе зголемени и ќе бидат опремени со нови софтвери. За новите хеликоптери Атак воедно се има за цел да се усоврши и развие домашниот мотор и да се постави системот од 20 милиметри.

Весникот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Пораст од 32 отсто во бројот на туристите во Мугла“ пишува дека во бројот на странските туристи кои допатуваа во Мугла за 9 месеци од оваа година, во споредба со истиот деветмесечен период минатата година, е остварен раст од 32 отсто. Заменик директорката за култура и туризам на Мугла Филиз Караџаагач укажа на тоа дека најбројната група туристи кои ја посетуваат Мугла се Англичаните и рече: „Мугла со 900 илјади 75 лица најмногу ја посетија Англичаните. По нив следуваат Русите со 380 илјади 487 лица, Германците со 177 илјади 94 лица, Украинците со 168 илјади 165 лица и Полјаците со 132 илјади 895 лица.“

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Во главниот град се состануваат домашни и странски претставници на куклениот театар“ информира дека на Меѓународниот фестивал за куклен театар во Анкара кој што годинава се одржува по четврти пат пред љубителите на уметноста ќе бидат одиграни 36 претстави од 9 земји. Во рамките на фестивалот што ќе се одржи од 12 до 21 октомври и ќе биде отворен со куклената претстава „Последната вечер на Сократес“ која што ќе се одигра во салата Фараби на Факултетот за јазик, историја и географија во Анкара, воедно ќе се водат и разговори и дискусии, ќе се одржат работилници и пред љубителите на уметноста ќе биде отворена изложбата „Фигури на Караѓоз“ составена од минијатурни дела на уметничката Ајше Ујсал. 

 



Слични вести