Турски печат 06.12.2018

Денешните турски весници опширно пишуваат за актуелните случувања во земјава и светот

Турски печат 06.12.2018

Весникот „Хабер Турк“ во веста под наслов „Националниот авион пред тест со ветрот“ истакнува дека националниот борбен авион од типот TF-X кој се вбројува во петата генерација на најнапредните авиони на Европа поминува низ тестот со ветрот. Турција сака што побрзо да го заврши авионот, поради што ги обликува последните конфигурации на истиот. Сериското производство на авионот кој претежно се состои од композитни материјали се планира да започне во 2033 година и до тогаш се има за цел да се постигне нарачка од 400 авиони.

Весникот „Јени шафак“ во веста под наслов „Турција испиша историја во цивилното воздухопловство“ истакнува дека Меѓународниот совет на европски аеродроми (АЦИ) која брои околу 2 илјади аеродроми од 176 земји го објави извештајот за 2008-2018. Според извештајот, бројот на директни летови на Турција во последните 10 години се зголеми за 191 насто. Бројот на индиректните летови го зголеми за 130, бројот на аеродромските врски за 157 додека мрежното поврзување за 534 насто и на тој начин се стекна со епитет на земја која најмногу ја зголеми мрежата на летови.

Весникот „Стар“ во веста под наслов „Предавањето на најголемиот воен брод на Турција ТЏГ Анадолија ќе се изврши една година пред предвидениот рок“ истакнува дека се интензивираат активностите за изградба на најголемиот повеќенаменски јуришен брод амфибија ТЏГ Анадолија за потребите на турската морнарица. Проектот претставува најголем одбранбен проект и пример за докажување на тврдењето и амбицијата да се стане глобална сила. Бродот ТЏГ Анадолија чие предавање на поморските сили беше земено една година пред предвидениот рок, се планира да се предаде во последниот квартал на 2020 година.

Весникот „Сабах“ во веста под наслов „Во 2018 година Измир најмногу го посетија германски туристи“ истакнува дека бројот на странските туристи во октомври во Турција во споредба со истиот период лани се зголеми за 25,5 насто и изнесуваше 3,8 милиони. Поголемиот број од германските туристи кои ја посетија земјава го преферираа Измир.  Во октомври Измир го посетија околу 966 илјади туристи од Русија, Франција, Британија, Германија. Гледано од аспект на најголемиот број на странски туристи во октомври кои што ја посетија земјава, Русија со 604 илјади 73 туристи се најде на прво место, додка Германија со 589 илјади 626 туристи на второ, Британија со 264 илјади 17 туристи на трето место.



Слични вести