Турски печат 14.01.2019

Еве ги позначајните вести за кои што известуваат весниците во своите денешни изданија овде во Турција...

Турски печат 14.01.2019

Весникот „Јени Шафак“ во веста под наслов „Во воздушни операции неутрализирани тројца терористи“, пишува дека во завчерашните реализирани воздушни операции на областите Зап и Синат-Хафтанин во северниот дел на Ирак се неутрализирани најмалку тројца терористи. Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана воедно се вели дека во воздушните операции на 12 јануари 2019 година на областите Зап и Синат-Хафтанин, се уништени и наоружани позиции, засолништа и скривници на терористичката организација.

Весникот „Хабертурк“ во веста под наслов „Џиновска воена вежба на нултата точка“, информира дека испратените дополнителни воени единици од страна на Турските вооружени сили (ТВС) како зајакнување на пограничните единици на границата со Сирија, кај градот Хатај во непосредна близина на границата, реализираа воена обука.  Командоските единици пак, реализираа обука за пребарување мини на теренот, пристигнување и набљудување.

„Преку турскиот воздушен простор на секои 15 секунди помина по еден авион“, гласи насловот на страниците на весникот „Сабах“, каде што се истакнува дека министерот за транспорт и инфраструктура Џахит Турхан изјави дека минатата година преку воздушниот простор на Турција просечно на секои 15 секунди помина по еден авион. Министерот Турхан напомена дека во последните години е забележан значаен раст и во бројот на патниците кои патуваат со авион и рече: „Бројот на превезени патници по воздушен пат во последните 10 години со остварен просечен раст од 10,5 отсто секоја година, од 62 милиони се зголеми на 210 милиони патници.

Весникот „Стар“  во веста под наслов „Ден на гордост во националното оружје“, пишува дека домашното и националното беспилотно летало ИХА кое со успешниот перформанс за време на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче доби одлична оценка, ја привлече заинтересираноста и на светот. После Катар, и Украина потпиша договор со Турција за купување на 6 наоружани беспилотни летала ИХА, од типот Бајрактар ТБ2.

Весникот „Хурријет“ во веста под наслов „Изборот на Јапонците и Јужнокорејците се турските прехранбени производи“, информира дека проектот Турккуалити кој што се води од страна на Унијата на егејските извозници (ЕИБ), а во правец на промовирање на турските прехранбени производи на јапонскиот и јужнокорејскиот пазар, извозот на турските прехранбени производи за Јапонија и Јужна Кореја со раст од 36 отсто од 115 милијарди долари, го искачи на 156 милијарди долари.

 



Слични вести