Омер Челик, ЕУ повеќе од било кога порано има потреба од Турција

Време е односите меѓу Турција и ЕУ да се преселат на еден поширок простор воедно и време е тркалото на промената да се движи подеднакво во правец на интересите на двете страни

Омер Челик, ЕУ повеќе од било кога порано има потреба од Турција

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач на Турција со ЕУ Омер Челик смета дека ЕУ повеќе од било кога порано има потреба од Турција.

Во својата статија објавена во весникот Њу Јуроп (New Europe) министерот Челик пишува:

Светот е исправен пред низа глобални проблеми како што се тероризмот, безбедноста на енергетските извори и коридори, економијата, нелегалните миграции и друго. Решавањето на сиве овие проблеми бара заедничка и координирана работа. Поаѓајќи од сето тоа со право верувам дека овие горливи прашања би требало да бидат приоритетни теми во односите меѓу Турција и ЕУ.

Евроинтеграцијата денеска се наоѓа пред напознаница,воедно не гледам спремност во унијата за навремено реагирање пред евентуални и непознати опасности и закани.

Социо-економските кризи се соединуваат со вредносните кризи во Европа така да мигрантската криза предизвика невидени реакции во земјите членки на ЕУ што резултираше дури и со брекзитот што се досега беше невозможно дури и за размислување. Бранот на терористички напади во Европа предизвика измени во европските приоритети.Ултра десницата мигрантите и Исламот го прикажуваат како напади на европскиот идентитет и на тој начин го прошири и закорени своето влијание. Европа се претвори во погоден терен за ултранационалистите кои немаат толеранција кон другите и кон непријателите кон странците.

Министерот Челик во продолжение на својата статија предупредува:

Евидентно е дека во последно време во Европа растат политиките на ширење омраза, исламофобија и антисемитизам. Европските политички лидери не би требало да паднат во стапицата на барањата на ултра десните политичари и на популистите.

Евидентен е заклучокот дека мигрантската криза јасно покажа дека проблемите на ЕУ и на Турција се испреплетени, така да се јавува потреба тие паралелно и континуирано да се решат.Приоритет во решавањето на мигрантската криза треба да добие соработката со Турција и тоа пред се во воспоставувањето на безбедносни зони во Сирија.

Благодарение на соработката со Турција дневниот премин од над 7000 бегалци во Европа од Турција се симна на 66. Турција поради тоа чувствува голема гордост,бидејќи направи се што се бараше од неа согласно договорот од 18 март 2015 година,вклучително и договорот за визна либерализација и барањата на ЕУ.

Сепак евидентно е дека истата воља не се забележува кога е во прашање борбата против тероризмот,вели министерот Омер Челик и продолжува:

Никогаш не треба да се заборави дека терористите не се борци за слобода туку терористи и наместо да се биде селективен би било подобро да се делува заедно во борбата против сите видови на терористички активности. Денеска од било кога досега безбедноста на Турција е поврзана со безбедноста на Европа.

Рбетниот столб на односите ЕТ-Турција го сочинуваат пристапните преговори. И покрај тоа што поради политички изговори се блокира отворањето или затворањето на поглавјата за преговори,Турција секогаш изразува спремност и решителност да работи во правец на европските законски норми, што недвосмислено укажува и фактот дека во 30 од вкупно 33 поглавја досега отворени за преговори е констатирано хармонично однесување,што е потврдено и со последниот извештај за напредокот на Турција за 2016 година.

Министерот Челик во понатамошниот дел од статијата подвлекува:

Турција е европска демократија која функционира според своите уставни институции.Турскиот народ би требало да биде симбол на народ кој што ги одбрани демократските вредности на 15 јули кога фетулахистичката-терористичка организација ФЕТО се обиде да изврши воен удар во земјава,но без успех.

Зачленувањето во ЕУ претставува стратегиска цел за Турција, така да сметам дека одлуката на Европскиот парламент за привремено замрзнување на пристапните преговори со Турција не е ништо друго туку тесновидост.Наместо оваа одлука вистинска одговорност на Европскиот парламент би требало да биде солидаризирање со Турција која и покрај борбата против тероризмот и невидените опасности со кои се соочува сепак успева да ја зачува демократијата. Европа би требало да одговори позитивно на решителноста на Турција за продолжување на пристапните преговори.

Ова истовремено ќе значи и потврда на тоа дека ЕУ сеуште е во можност да изгради една поширока визија за Европа и за светот пошироко. Време е односите меѓу Турција и ЕУ да се преселат на еден поширок простор воедно и време е тркалото на промената да се движи подеднакво во правец на интересите на двете страни, истакнува министерот за евроинтеграции и главен преговарач на земјава со ЕУ Омер Челик во својата статија за весникот Њу Јуроп (New Europe).

 



Слични вести