Предадена на армијата првата пратка на националната пешадиска пушка MPT-76

На церемонијата што се одржа во фабриката во градот Кириккале каде што се произведува свечено и беше предадена на армијата првата пратка на националната пешадиска пушка MPT-76

piyade tufegi 1.jpg
piyade tufegi 2.jpg
piyade tufegi.jpg
piyade tufegi 3.jpg
01 milli piyade tüfeği mpt-76.jpg
02 milli piyade tüfeği mpt-76.jpg

Националната пешадиска пушка MPT-76 произведена со домашни можности и способности е спремна за задача.

На церемонијата што се одржа во фабриката во градот Кириккале каде што се произведува свечено и беше предадена на армијата првата пратка на националната пешадиска пушка MPT-76.

На церемонијата говореше министерот за одбрана Фикри Ишик кој нагласи дека националната пешадиска пушка MPT-76 ќе биде оружје кое што со доверба ќе се користи од страна на безбедносните сили и напомена дека зависноста кон надвор на Турција во сферата на одбранбената индустрија е сведена на минимално ниво.

Министерот Ишик во оваа прилика и ја тестираше националната пушка MPT-76.

MPT-76 со сите свои технички карактеристики и со својот оригинален дизајн со кои што располага го привлекува вниманието во секторот за оружје во светот.

Во рамките на периодот на нејзино сериско производство првата пратка составена од 500 парчиња беше произведена за приближно една година и беа успешно реализирани тестовите.

Останатите 19.500 парчиња национална пешадиска пушка MPT-76 ќе бидат произведени и предадени во текот на оваа година.



Слични вести