Чавушоглу напиша за „Вашингтон пост“ што очекуваат Турција и турскиот народ од САД во новиот период

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција е разочарана од досегашната политики на САД и дека во новиот период најпрвин треба повторно да се воспостави солидарноста и взаемната доверба помеѓу двете сојузнички земји

Чавушоглу напиша за „Вашингтон пост“ што очекуваат Турција и турскиот народ од САД во новиот период

Се влегува во нов период во односите помеѓу Турција и САД.

Новиот претседател на САД Доналд Трамп кој на 20 јануари и официјално ќе ја преземе претседателската функција од досегашниот претседател Барак Обама даде топли пораки за подобрување на односите со Турција.

Трамп нагласи дека ќе работи за воспоставување на добри односи со Турција.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својата статија што ја напиша за американскиот весник „Вашингтон пост“ ги изнесе очекувањата на Турција и на турскиот народ од САД.

Чавушоглу во својата статија истакна дека политиките кои што американската управа ги спроведуваше досега ја разочараа Турција и нагласи дека во новиот период најпрвин треба повторно да се воспостави солидарноста и взаемната доверба помеѓу двете сојузнички земји.

Мевлут Чавушоглу напиша дека ниту една земја не води напори во борбата против тероризмот колку Турција и дека ефикасната борба која што се води особено против ДАЕШ повторно ја води Турција.

Привлекувајќи внимание дека турско-американските односи во сериозна смисла поминуваат од еден тензичен период, Чавушоглу рече дека причина за тоа беа некои применувања во последно време на властите во Белата куќа.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека САД пред болките кои што се доживуваат во Сирија на местото на решението на проблемот претпочитаа да работат во регионот заедно со ПЈД, близнакот на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Чавушоглу подвлече дека неприфатливо е тоа што им се пружа засолниште во една сојузничка земја на припадниците на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на чија мета со обидот за воен удар на 15 јули се наоѓаа турскиот народ и демократијата.

Мевлут Чавушоглу напомена дека и покрај сите испратени документи и информации во врска со челникот на ФЕТО и другите терористи тие продолжуваат да делуваат слободно во САД.



Слични вести