Ибрахим Калин: САД треба да престанат да ги легализираат терористичките организации

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, истакна дека САД треба да престанат да ги легализираат терористичките организации

Ибрахим Калин: САД треба да престанат да ги легализираат терористичките организации

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин во објавата што ја сподели на својата сметка преку социјалната мрежа Твитер покажа реакција на пораката на Централната команда на американските сили CENTCOM објавена исто така преку Твитер во која се тврди дека ПЈД/ЈПГ нема врска со предавничката сепаратистичко-терористичка организација ПКК.

Калин истакна дека САД треба да престанат да ги легализираат терористичките организации.

Нагласувајќи дека овие изјави на Централната команда на американските сили наместо да ја сопрат терористичката организација ја легализираат, Калин напиша: „Дали ова е шега или CENTCOM ја изгуби својата логика? Дали мислите дека некој ќе поверува во тоа? САД треба да престанат да работат за легализирање на терористичките групи.“

Централната команда на американските сили CENTCOM на својата сметка преку социјалната мрежа Твитер го сподели тврдењето на Сириските демократски сили (СДС) од кои мнозинството го сочинуваат припадници на ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, од чија страна вчера беше објавена порака исто така преку Твитер во која се велеше „Ние немаме врска со ПКК“.

CENTCOM во својата објава за која станува збор во која со споделување и на сликата од екранот на објавата на Сириските демократски сили над оваа објава напиша „Сириските демократски сили потврдуваат дека немаат било каква врска или поврзаност со ПКК“.

Со ваквиот начин на однесување Централната команда на американските сили CENTCOM се појави во улога на портпарол на терористичката ПЈД, која инаку е сириски огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Исто така и портпаролот на американскиот државен секретар Марк Тонер на вчерашната дневна конференција за претставниците на печатот застана во одбрана на тоа дека терористичката организација ПЈД треба да биде дел од потрагите за политичко решение во Сирија во долгорочен период.



Слични вести