Собранието ги усвои членовите 3,4, и 5 од предлог пакетот за измени на Уставот

Претседателските избори според измените на членот 3 ќе се одржуваат на секои 5 години во ист ден со парламентарните

Собранието ги усвои членовите 3,4, и 5 од предлог пакетот за измени на Уставот

Собранието на Република Турција ги усвои членовите 3,4, и 5 од предлог пакетот за измени на Уставот.

Третиот член од уставните измени предвидува староста на кандидатот за избор на пратеник од 25 да се 18 години.

Претседателските избори според измените на членот 3 ќе се одржуваат на секои 5 години во ист ден со парламентарните.

Парламентарните избори наместо како што е сега на 4 години, ќе се одржуваат на секои 5 години и тоа истовремено со претседателските избори.

Пратениците ќе имаат право на реизбор после истекот на нивниот пратенички мандат.

Доколку во првиот круг од претседателските избори не се постигне потребното мнозинство,ќе се одржи втор круг на гласање согласно предвидените правила.

Членот 5 од предлог пакетот за уставни измени се однесува на надлежностите на Собранието на Република Турција и се вели следното:Собранието има надлежност да дискутира и да донесува, изменува и укинува закони, да дискутира и усвојува закон за буџетот, да одлучува за печатење на пари  и да објавува војна, да дава мислење по склучени меѓународни договори, со кворум од 3 петини, да донесува одлука за општа или посебна амнестија, воедно и да ги извршува и другите надлежности кои му ги припишува Уставот на земјата.



Слични вести