Односи меѓу Турција-ЕУ : дали е можно нивно ресетирање ?

Ибрахим Калин портпарол на Претседателството на Република Турција објави статија за весникот на англиски јазик Дејли Сабах под следниот наслов : „Односи меѓу Турција-ЕУ : дали е можно нивно ресетирање ?“

Односи меѓу Турција-ЕУ : дали е можно нивно ресетирање ?

Ибрахим Калин портпарол на Претседателството на Република Турција објави статија за весникот на англиски јазик Дејли Сабах под следниот наслов :

„Односи меѓу Турција-ЕУ : дали е можно нивно ресетирање ?“

Ревидирањето на односите меѓу Турција и ЕУ зависи од тоа дали европските лидери конечно ќе сфатат дека тие односи не се базираат само на нееднаквост и неправда.

Турција уште 2005 година кога беше прогласена за кандидат за влез во ЕУ чека пред вратите на Унијата да биде примена во членство. Во овој процес кој со себе ја донесе еуфоријата за иднината денес е на ниво на кое никој не се надеваше во изминатите 12 години, исполнето со разочарување, губење на доверба и на разни несреќи на патот кон целта.

Одредени проблеми на национално или на регионално ниво,како и бројните кризи предизвикаа затегнување на односите меѓу Турција и ЕУ што како краен резултат се одрази негативно на односите меѓу двете страни. Без секакво сомневање односите меѓу Турција и ЕУ имаат потреба од ресетирање, но  тоа е изводливо само ако и двете страни се однесуваат кон спротивната страна со респект, фер однос и еднаков третман.

Критиките на кои во последно време е подложена Турција ,може на краток временски период да резултира со одредени бенефити , но никој не може да гарантира за мир, безбедност и просперитет. Или сосема отворено кажано  проблемите со кои денес се соочуваме ги надминуваат како границите на Турција така и на Европа и добиваат димензија на глобални проблеми, на уништувачки нативизам, неконтролиран расизам и растечка безнадежност. Сиве овие појави негативно се одразуваат на односите меѓу муслиманските општества и западните општества. Се додека западниот и исламскиот научен свет не ги надмине различитостите и не делува во бенефит на целото човештво, се дотогаш не ќе биде можно да се зачува мирот и да се воспостави култура на живеење која ќе се потпира на обострано почитување и соживот во глобални рамки.

Во одредени западни земји непријателството кон Турција се претвори во внатрешно политичко прашање кое пред се е адресирано кон десните средини. Ова појава која само до пред неколку години можеше да се третира како споредно прашање денес е во ситуација да биде дел од генералната политика на овие земји. Отстапувањето пред оваа негативна појава може да резултира со катастрофални последици. Секако дека непријателството кон претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Европа, не само што негативно се одрази на односите на Турција со европските држави туку во исто време стана многу ризично за милионите турски граѓани кои што живеат во овие европски држави.

Турција денеска не е ниту онаа Турција која во 1963 година изрази желба да биде примена во тогашната Европска економска Заедница, ниту е онаа Турција која во 1999 година го доби статусот на земја кандидат за членка во ЕУ. Од почетокот на 1960’тите години населението на Турција тројно се зголеми, а бруто националниот доход по глава на жител се зголеми за 80 пати.

Од друга страна и покрај тоа што одредени средини се прават како да не го забележуваат тоа, и денешна Европа не е онаа истата Европа од пред 2000’та година. Денеска стариот континент се претвори во сцена на националистички екстремизам, популизам и непријателство кон имигрантите, особено кон муслиманите и другите.

Европските популисти целат кон нашата култура, нашиот избран претседател и нашите интереси, а во исто време Турција секогаш имаше конструктивен став. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган непосредно по уставниот референдум во април годинава, се сретна со германската канцеларка Ангела  Меркел и со другите европски лидери се со цел да се отвори нпоа страница во односите. Ердоган ги оствари овие средби и покрај тоа што германската влада и дел други европски држави ги поддржаа терористите на ФЕТО и на ПКК.

Во текот на овие средби претседателот Ердоган сосема јасно и отворено се изјасни за  заживување на односите на релацијата Турција-ЕУ, но за жал растот на десницата во Европа го спречи напредокот во односите на оваа линија.



Слични вести