Кризата на неиздавање визи ја предизвика американскиот амбасадор

Неприфатливо е Америка да ги остава односите со стратешкиот сојузник Турција во рацете на несовесен и неспособен амбасадор

Кризата на неиздавање визи ја предизвика американскиот амбасадор

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дипломатската криза во врска со неиздавањето визи меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) бешее предизвикана од американскиот амбасадор Џон Бас.

„Отворено велам дека целиот случај е предизвикан од еден амбасадор кој работи овде. Неприфатливо е Америка да ги остава односите со стратешкиот сојузник Турција во рацете на несовесен и неспособен амбасадор. Тоа не можеме да го поддржиме“, рече Ердоган.

Турскиот претседател порача дека Турција не е племенска заедница, туку држава Република Турција, и дека Соединетите Американски Држави тоа ќе мора да го прифатат.

„Тоа ќе го прифатите така, а ако не сакате, не замерувајте ни, но не сте ни ниту потребни. Кога бараме да ни продадете оружје за пари, вие се повикувате на Конгресот, а кога терористичка организација (ПКК/ ПЈД) ви бара вие им го давате бесплатно. Зошто? Под мотото да ја окупираме Турција од југ. За планот во позадината не зборувам, има и таков план, но тоа е друга тема“, рече Ердоган.



Слични вести