Турските вооружени сили формираат набљудувачки центри за следење на примирјето во Идлиб

Турција ќе формира набљудувачки центри во внатрешните, а Русија во надворешните предели на Идлиб

Турските вооружени сили формираат набљудувачки центри за следење на примирјето во Идлиб

Турските вооружени сили продолжуваат со извидничките активности за формирање набљудувачки центри за следење на примирјето во безконфликтните зони во Идлиб во Сирија.

Турските вооружени сили кои се наоѓаат во составот на Контролните сили за намалување на напнатоста кои беа формирани од единиците на вооружените сили на земјите гаранти на примирјето во Сирија, соопштија дека извидничките активности за формирање набљудувачки центри за намалување на напнатоста во Идлиб почнаа на 8 октомври. Турција ќе формира набљудувачки центри во внатрешните, а Русија во надворешните предели на Идлиб.



Слични вести