Ердоган допатува во посета на Кувајт

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган допатува во посета на Кувајт по покана на шејхот Сабах ел Ахмед ел Џабир ес Сабах ел Сабах.

erdogan-ganim.jpg

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган допатува во посета на Кувајт по покана на шејхот Сабах ел Ахмед ел Џабир ес Сабах ел Сабах.

Ердоган на аеродромот беше пречекан од првиот помошник на премиерот и министер за надворешни работи на Кувајт Ел Халид ел Сабах.

Ердоган денеска одвоено ги прими претседателот на националното собрание Мерзук Ел Ганими и премиерот Шејх Џабир ел Мубарак ел Хамад ес Сабах.

Средбите се одржаа во палатата Бејан и беа затворени за јавноста.

После средбите зад затворени врати претседателот Ердоган и шејхот ес Сабах претседаваа со официјалните разговори меѓу делегациите на двете земји.

По завршувањето на официјалните разговори се очекува потпишување на неколку договори за соработка меѓу Турција и Кувајт.

По заокружувањето на разговорите во Кувајт претседателот Ердоган ќе отпатува во официјална посета на Катар.

Инаку претседателот Ердоган го придружуваат началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар, министерот за правда Абдулхамит Ѓул, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекчи, министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак, министерот за младина и спорт Осман Ашкин Бак, министерот за храна,земјоделие и сточарство Ахмет Ешреф Факибаба,министерот за култура и туризам Нуман Куртулмуш,министерот за шумарство и водостопанство Вејсел Ероглу, министерот за транспорт поморство и комуникации Ахмет Арслан, потсекретарот на службата за разузнавање МИТ Хакан Фидан како и помошникот генерален секретар на Претседателството на Република Турција Ибрахим Калин.

 



Слични вести