Ердоган :На сите наши браќа во Ирак и во Иран им изразувам сочувство за починатите во земјотресот

Претседателот , Реџеп Таип Ердоган истакна дека веднаш по веста за земјотресот во Ирак и во Иран , во погодените подрачја ги испративме соодветните организации АФАД, Црвената полумесечина

Ердоган :На сите наши браќа во Ирак и во Иран им изразувам сочувство за починатите во земјотресот

Претседателот , Реџеп Таип Ердоган, пред заминувањето во посета на Русија одржа прес-конференција на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, на која изјави: „Синоќа во Северен Ирак се случи земјотрес. На сите наши браќа во подрачјето и на народот на Ирак и на Иран им изразувам сочувство за починатите, за загинатите посакувам прошка од Господ, а за ранетите побргу заздравување“.

Претседателот Ердоган за земјотресот што го погоди ирачко-иранското погранично подрачје рече: „Веднаш по земјотресот, во погодените подрачја ги испративме соодветните организации. АФАД, Црвената полумесечина и останатите единици во моментов работат околу спасувачките операции на теренот, а покрај тоа, со координација на АФАД и Црвената полумесечина, во моментов конвој од 50 шлепери хуманитарна помош го мина граничниот премин 'Хабур' и влезе во Ирак“.

Во врска со испратената хуманитарна помош, Ердоган истакна: „Освен лекови, во рамките на хуманитарната помош испративме ќебиња, шатори и даваме секаков вид поддршка што им е потребна на погодените од земјотресот, така и ќе продолжиме. Како што знаете, Турција отсекогаш во тешките ситуации била покрај своите браќа од регионот. На сите наши институции дадени им се инструкции најитно да ја достават потребната помош до загрозените во регионот, да ги задоволат потребите на погодените од земјотресот и да им помогнат на ранетите. Нашите желби и молитви се да не се зголеми бројката на жртвите од земјотресот“.



Слични вести