Ердоган одржа средба со Ципрас

Турција и Грција треба да имаат поволен поглед кон билатералните односи

Ердоган одржа средба со Ципрас

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција и Грција треба да имаат поволен поглед кон билатералните односи.

Во рамките на посетата на Атина, Ердоган одржа средба со премиерот Алексис Ципрас.

Ердоган на средбата подвлече дека двете земји имаат можност за унапредување и развој на билатералните односи и соработката на повисоко ниво.

„Треба да гледаме напред. Преговорите треба да ги градиме врз основа на тоа. Нашите народи во суштина имаат многу заеднички страни. Доволно е само да ги држиме настрана оние што имаат идеолошки опседнатост. Турција нема никакви територијални претензии кон ниту една соседна земја“ рече Ердоган.



Слични вести