Претседателот Ердоган во официјална посета на Грција

Претседателот на Република Турција Реџеп Таjип Ердоган, кој е во официјална посета на Грција, беше пречекан со официјална церемонија од страна на својот домаќин претседателот Прокопис Павлопулос

Претседателот Ердоган во официјална посета на Грција

Претседателот на Република Турција Реџеп Таjип Ердоган, кој е во официјална посета на Грција, беше пречекан со официјална церемонија од страна на својот домаќин претседателот Прокопис Павлопулос.

Турскиот претседател беше пречекан со воени почести пред грчката претседателска палата.

По интонирањето на химните на Турција и Грција, Ердоган и Павллопулос меѓусебно ги претставија своите делегации, а потоа ракувајќи се се фотографираа пред камерите.

На церемонијата, претседателот Ердоган беше придружуван од страна на началникот на Генералштабот на Турција, генерал на армија Хулуси Акар, вицепремиерот Хакан Чавушоглу, министерот за ЕУ Омер Челик, минситерот за одбрана Абдулхамит Ѓул, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за економија Нихат Зејбекчи, како и министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак.

Ердоган потсети дека Република Турција после потпишувањето на  Лозанскиот договор  во 1923 година, имаше одредени недоразбирања со одредени земји.Една од нив е Грција каде муслиманите во подрачјето на Западна Тракија сеуште не можат самите да го изберат својот главен муфтија.

Ердоган рече: Турците во Западна Тракија и денес немаат поддршка било во реализацијата на инвестициони програми ,било во другите свери од животот. На пример во Турција државјаните со грчко потекло ги уживаат слободно сите права,почнујвајќи од правото на слободна вероисповест и другите права и слободи подеднакво. За жал во Западна Тракија настрана овие права и слободи, не се толерира пишувањето на зборот турски.Тука треба да се направат одредени измени кон подобро,истакна претседателот Ердоган.

 



Слични вести