Емине Ердоган ја покани Брижит Макрон да ја посети Турција

Сопругата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Емине Ердоган која го придружуваше својот сопруг на 5 јануари во Париз во Елисејската палата се состана со првата дама на Франција Брижит Макрон

Емине Ердоган ја покани Брижит Макрон да ја посети Турција

Сопругата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Емине Ердоган која го придружуваше својот сопруг на 5 јануари во Париз во Елисејската палата се состана со првата дама на Франција Брижит Макрон.

После средбата Емине Ердоган преку Твитер ги сподели фотографиите од средбата со Брижит Макрон.

Таа под фотографиите напиша дека со госпоѓа Макрон разговарале за бегалците и за нивното образование.

Госпоѓа Ердоган го истакна значењето бегалците да го учат јазикот на земјата каде привремено се сместувани а госпоѓа Макрон се задржа на одрредени примери од нејзината земја.Освен тоа двете први дами разговараа и за положбата на постарите лица.

Емине Ердоган ја запозна Брижит Макрон со социјалните политики на Република Турција како и со позитивни примери од општини каде постојат домови за постари лица.

Во текот на разговорот кој што помина во пријателска и срдечна атмосфера првите дами на Турција и на Франција Емине Ердоган и Брижит Макрон се осврнаа и на трагичната судбина на муслиманите во Рохинја.Брижит Макрон и оддаде признание на Емине Ердоган поради нејзината посета на Мјанмар, а како одговор на тоа Емине Ердоган ја покани Макрон во посета на Турција.

 



Слични вести