Турски Дијанет: Сурата Фатиха ќе се чита секој ден во џамиите додека трае операцијата на Африн

Претседателот на турскиот Дијанет - Управа за верски прашања проф.др. Али Ербаш соопшти дека во 90 000 џамии ширум Турција секој ден пред  јатси и утринскиот намаз ќе се чита сурата Фатиха од Курани Керим

Турски Дијанет: Сурата Фатиха ќе се чита секој ден во џамиите додека трае операцијата на Африн

Сурата Фатиха од Курани Керим ќе се чита секој ден во џамиите пред јатси и утринскиот намаз се додека трае операцијата на турските вооружени сили на Африн,Сирија.

Претседателот на турскиот Дијанет - Управа за верски прашања проф.др. Али Ербаш соопшти дека во 90 000 џамии ширум Турција секој ден пред  јатси и утринскиот намаз ќе се чита сурата Фатиха од Курани Керим  се додека трае операцијата „Маслиново гранче“на турските вооружени сили на Африн,Сирија.

Ербаш додаде дека инструкцијата е испратена до сите муфтиства на ниво на државата.

Ербаш денеска утринскиот намаз го клањаше во џамијата Хаџи Бајрам во Анкара и самиот пред молитвата ја прочита сурата Фатиха од Курани Керим.

 



Слични вести