Започна копнената офанзива на Африн

Премиерот Бинали Јилдирим во вилата Вахдеттин во Истанбул свика состанок со главните уредници на медијумите.

Започна копнената офанзива на Африн

Започна копнената офанзива на Африн,турската војска влезе во подрачјето во 11.05 часот според локално време.

Премиерот Бинали Јилдирим во вилата Вахдеттин во Истанбул свика состанок со главните уредници на медијумите.

Состанокот беше затворен за јавноста и траеше околу 1,5 час.

Се дознава дека главна точка на состанокот била посветена на воената операција „Маслиново гранче“на турските вооружени сили на Африн,Сирија, реализирана со цел уништување на терористичките елементи на ПКК,ПЈД,ЈПГ и ДЕАШ.

Премиерот Јилдирим рекол дека од вчера е започната операција „Маслиново гранче“на турските вооружени сили на Африн,Сирија како и тоа дека истата се реализира сериски ,дека ќе се рализира во 4 фази и дека целта е да се обезбеди безбеден коридор во длабочина до 30 километри. Во Африн пости присуство од околу 8-10 000 терористи,рече Јилдирим.

Сето оружје и муницијата која што се употребува во операција е од домашно производство,додаде Јилдирим.

На прашањето дали со операцијата ќе биде опфатен и Мунбич,премиерот Јилдрим одговори: Чекаме САД да го одржи ветувањето.

САД имаа ветено дека целото оружје со кое беа снабдени терористите на ПЈД,ЈПГ во Сирија ќе биде собрано, но се досега тоа не е направено.

 



Слични вести